1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Оваа интернет страница (www.housenature.mk) е во сопственост на НАТУРЕ ХАУС ДООЕЛ ПРИЛЕП и е наменета за пребарување и купување на производи и услуги, која може да ја користат сите правни и физички лица над 18 години.
Со посетата на оваа интернет страница се согласувате и сте обврзани да ги почитувате овие Услови за користење па затоа пред да ја користите нашата интернет страница ве молиме внимателно да ги прочитате.
НАТУРЕ ХАУС ДООЕЛ ПРИЛЕП не презема никаква одговорност доколку корисникот не ги прочитал овие услови за користење и не ги применува истите.
Доколку не се согласувате со било кој дел од услови за користење ве молиме веднаш да ја напуштите оваа интернет страница и да прекинете да ги користите услугите кои се нудат.
Овие услови за користење може да се променат во било кое време, без претходно известување.
Во овие услови за користење, под терминот „корисник“ на оваа интернет страница се сметаат посетителот и купувачот, а кои ги имаат следните значења:
(i) Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на интернет страницата www.housenature.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги.
(ii) Купувач е физичко лице над 18 години или правно лице кое преку интернет страницата нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на НАТУРЕ ХАУС ДООЕЛ ПРИЛЕП на интернет страницата www.housenature.mk
За корисникот кој стапува во деловен однос со НАТУРЕ ХАУС ДООЕЛ ПРИЛЕП се применуваат овие услови за користење, како и позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.
2. ПОНУДИ, ЦЕНИ И ПЛАЌАЊЕ
Сите понуди и цени достапни на интернет страницата може да се променат во било кое време, без претходно известување.НАТУРЕ ХАУС ДООЕЛ ПРИЛЕП го задржува правото да ги менува понудите и цените и за промотивни цели за неодреден период, без претходно известување.
Рокот за плаќање е веднаш при пласирање на нарачката.
Нарачката нема да се смета за извршена доколку не е извршена трансакцијата за плаќање.
Трансакциите за плаќање се процесираат преку платежен процесинг систем на овластена банка.
За сигурноста на направените трансакции за плаќање гарантира овластената банка.
НАТУРЕ ХАУС ДООЕЛ ПРИЛЕП нема било каква одговорност за штета која може да му биде нанесена на корисникот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на електронска платежна картичка, односно доколку плаќањето е извршено без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена, и НАТУРЕ ХАУС ДООЕЛ ПРИЛЕП нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.
3. ПОЛИТИКА НА ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОДИТЕ
Испораката се врши на местото кое како локација за достава е одредено од страна на корисникот при извршената нарачка.
Корисникот е должен да обезбеди точни адреса и доволно насоки за да може доставата да се изврши од страна на НАТУРЕ ХАУС ДООЕЛ ПРИЛЕП.
Во случај на недоставување на производите или доцнење со испораката на производите поради вина на корисникот, НАТУРЕ ХАУС ДООЕЛ ПРИЛЕП нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.
Доставата на производите е бесплатна за секоја нарачка чија вредност изнесува над 1.900,00 денари, а во спротивно се плаќа фиксен надомест од 150,00 денари.
Времето за испорака е наведено како информација до секој производ во полето „Информации за испорака“.
Во случај на нарачка на повеќе производи со различно време за испорака, како време на испорака се смета времето предвидено за оној производ за кој е потребно најдолг период за достава.
НАТУРЕ ХАУС ДООЕЛ ПРИЛЕП го задржува правото да ги достави производите и по истек на времето предвидено за достава во случаи кога испораката доцни поради пречки, настани или околности кои НАТУРЕ ХАУС ДООЕЛ ПРИЛЕП не е во можност со преземање на разумни дејствија да ги спречи, избегне или отстрани.
При испорака, лицето кое ја прима нарачката има обврска да ја прегледа истата во присуство на доставувачот и доколку нарачката е целосна и соодветна да се потпише на доставница приложена од страна на доставувачот.
4. ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА
Корисникот или трето лице во чија корист е извршена и испорачана нарачка од НАТУРЕ ХАУС ДООЕЛ ПРИЛЕП има право да ги врати производите најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот, под услов истите да се неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од НАТУРЕ ХАУС ДООЕЛ ПРИЛЕП вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки, со исклучок на одредени производи за кои постојат дополнителни услови уредени со овие услови за користење.
Трошоците за враќање на производите се товар на корисникот или третото лице во чија корист е извршена и испорачана нарачката, освен ако се утврдило дека производот е доставен несоодветен или неисправен од страна на НАТУРЕ ХАУС ДООЕЛ ПРИЛЕП.
Во случај на враќање на производите и барање за поврат на средства од страна на корисникот, средствата ќе бидат вратени на банкарската сметка од која било извршено плаќањето во рок од 14 дена од денот на прием на вратените производи во НАТУРЕ ХАУС ДООЕЛ ПРИЛЕП.
5. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Овие услови за користење ќе се раководат и толкуваат во согласност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија.
Секој спор или барање кое може да произлезе од или во врска со услови за користење или во врска со нивното спроведување, страните ќе се обидат да го решат спогодбено. Во спротивно, надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.
