Проблеми при креирање сметка или правење нарачка? Прашање во врска со производите? До каде е твојата нарачка? Се што би сакал/а да нè прашаш или да ни кажеш, можеш да го направиш тука.
E-Mail: naturehousemk@gmail.com
075 81 25 25 (понеделник до петок од 09:00 – 17:00)
НАРАЧКИ И ПЛАЌАЊЕ
Како да го пронајдам производот што сакам да го купам?
Најлесниот начин да пронајдеш производ што сакаш да го купиш е преку прелистување на главното мени кое е лесно за навигација. Во продавницата производите се подредени во категории за да можеш полесно да го најдеш тоа што го бараш.
Како функционира купувањето на housenature.mk?
Кога ќе го пронајдеш производот што сакаш да го купиш, едноставно ги селектираш посакуваните опции што се зададени за производот и потоа кликнуваш на копчето „Во кошничка“. Во кошничката можеш да ја зголемиш количината на кој било избран производ. Можеш да продолжиш со шопингот и да додаваш повеќе артикли во кошничката или да продолжиш на страницата за плаќање. (Checkout)
Дали треба да креирам корисничка сметка?
За да купуваш не треба да креираш корисничка сметка. Доволно е само да ја внесеш твојата e-mail адреса. Сепак, креирањето на корисничка сметка е бесплатно и нема да ти одземе дополнително време.
Ако креираш корисничка сметка ќе можеш:
- Побрзо да го завршиш процесот на купување
- Да ги прегледаш твоите претходни нарачки
- Да направиш промени на информациите на твојот профил
- Да ја промениш својата лозинка
- Да бидеш дел од нашата програма за препораки и награди.
Доколку креираш корисничка сметка и се случи да ја заборавиш лозинката, следи ги инструкциите кои ти ги задава нашиот систем за да можеш да дојдеш до нова лозинка. Ако имаш проблем при менувањето на лозинката исконтактирај не за да ти помогнеме.
Како можам да извршам наплата?
Плаќањето се врши во готово при достава на производите од страна на курир.
Дали податоците кои ги внесувам при процесот на наплата се заштитени?
Податоците кои ги внесуваш при плаќањето од твојата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувaaт преку нашите сервери. Во моментот кога го извршуваш плаќањето и ги внесуваш податоците, истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија. Во ниту еден момент податоците за кредитната/дебитната картичка не се достапни на нашиот систем.
Дали можам да направам нарачка за друго лице?
Да,можеш да направиш нарачка за друго лице. Се што треба да направиш е при наплатата да ја избереш опцијата “Достави до друга адреса” при што ќе ти се отвораат повеќе полиња во кои треба да ги внесеш бараните податоци.
ДОСТАВА
Како се одвива доставата на производите?
Доставата на нарачките се одвива според нашите правила за испорака.
Доставата низ цела држава е бесплатна доколку нарачката изнесува над 1500 денари, а во спротивно се наплаќа фиксен надомест од 150 денари.
За нарачки во Албанија или Косово доставата е 6 евра.
За колку дена ќе ми биде доставена нарачката?
Заради уникатниот начин на припремање на природните производите кои можеш да ги купиш на housenature.mk времето за испорака е различно за секој производ.Најчесто производите ви стигаат за 2-5 работни дена откако нарачката ќе биде процесирана.
Имам купено повеќе производи и сите имаат различно време на испорака. Кога може да ја очекувам нарачката?
Доколку имаш купено производи кои имаат различно време на испорака, нарачката ќе ти пристигне во времето предвидено за достава на оној производ кој има најдолго време предвидено за достава.
РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА И ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ
Производите кои ги купив ми беа испорачани оштетени? Како да ги вратам?
Кога ќе ја добиеш нарачката, провери го твојот пакет во присуство на курир. Доколку има видливи оштетувања, пакетот не треба да се прифаќа.
Ако ја примиш пратката и откако ќе ја отвориш, воочиш дека испорачаните производи не одговараат на нарачката, исконтактирај не на naturehousemk@gmail.com за да ти дадеме инструкции како да ја замениш/дополниш нарачката.
Купив производи, но би сакал/а да ги вратам?
Како купувач имаш право да го вратиш производот кој си го купил/а доколку не ги исполни твоите очекувања. Производот кој го враќаш мора да биде во согласност со нашата Политика за поврат на производи, во спротивно повратот нема да биде прифатен.
Политика за поврат на производи
Производите мора да се вратат неискористени и неоштетени, приложени во оригинално пакување.
Ако на производот е прикаченa етикета „House of Nature“, враќањето нема да биде можно доколку тaa етикета на брендот е отстранета.Козметичките производи мора да се вратат неотворени и неискористени.
Во случај враќањето да не може да се прифати, производот ќе му биде вратен на купувачот.
Рефундирање на средства
За сите производи кои ќе бидат успешно вратени, а за истите има побарување на поврат на средствата, истите ќе бидат вратени на сметката на кредитната/дебитната картичка со која се извршила наплатата на нарачката. Трошоците за испорака нема да бидат вратени. Повратот може да трае до 14 работни дена.
Ако имаш било какви прашања или ти требат подетални информации за процесот на враќање, можеш да нè контактираш на naturehousemk@gmail.com
